ВО СЛУЧАЈ ДА ВЛЕЗЕ ВО ГРУПНАТА ФАЗА ВО ЛЕ

Шкендија ќе им донесе на прволигашите по 300.000 евра!?

Еве уште една причина зошто вечерва треба да се навива за Шкендија на реваншот со Розенборг.

објавено: 30 август 2018 - 12:45

Во случај Шкендија да го елиминира Розенборг и да се пласира во групната фаза во Лигата на Европа, тогаш секој наш прволигашки клуб ќе добие по 300.000 евра. Она што лани Вардар им го донесе на нашите клубови, тоа може сега и тимот од Тетово. Тие пари се од солидарниот фонд на УЕФА.

Еве причина повеќе зошто вечерва треба да се навива за Шкендија, зошто треба да му се даде поддршка на нашиот шампион во трката по тие 2:0 на дуелот со тимот од Норвешка. Не се сомневаме дека сите наши прволигашки клубови ќе стискаат палци за успех на Шкендија. Сепак 300.000 евра си се 300.000 евра.

Инаку ако Шкендија успее да влезе во групната фаза, тогаш овој клуб ќе заработи најмалку 4.500.000 евра за својот настап во Европа во сезоната 2018/2019.

Најново во Фудбал