ПОРАДИ ЕВРО ОБВРСКИТЕ НА ШАМПИОНОТ

Шкендија и Беласица ќе играат в понеделник

Мечот од 3. коло во ПМФЛ, на барање на тетовци ќе се игра ден подоцна.

објавено: 21 август 2018 - 16:30

Поради обврските на актуелниот македонски фудбалски првак Шкендија во плеј офот за пласман во групната фаза од Лига Европа, тетовскиот прволигаш побара, а Натпреварувачката комисија при ФФМ прифати да го помести натпреварот од третото првенствено коло за еден ден.

Наместо в недела, Шкендија ќе ја пречека Беласица в понеделник во Тетово.

Редовното 3. коло се игра во неделниот прволигашки термин (26 август), но Шкендија утре (23 август) ќе гостува кај норвешкиот Розенборг, а наредниот четврток (30 август) ќе го игра реванш натпреварот како домаќин во Скопје.

 

Најново во Фудбал