ОТКАКО МУ ИСТЕЧЕ ПОЗАЈМИЦАТА

Шкендија го „осигура“ Муслиу на две години

Висар Муслиу од денеска и официјално е во „сопственост" на шампионот

објавено: 13 јуни 2018 - 13:10

Висар Муслиу потпиша двегодишен договор со Шкендија. Откако му истече позајмицата од Приштина, најдобриот стопер во Лигата од денеска и официјално е во „сопственост" на шампионот. Со ова раководството на клубот од Тетово има грижа помалку. Сега останува само да прифати некоја од бројните понуди за Муслиу за евентуален трансфер, или пак Муслиу и натаму го носи „црвено - црниот" дрес на Шкендија.

Најново во Фудбал