ШКЕНДИЈА ОЗНАЧИ СТАРТ

Шампионот тргна со подготовките (видео)

Тетовските „црвено – црни" го имаа првиот собир и го одработија првиот тренинг

објавено: 10 јуни 2018 - 21:38

Во убава, се разбира како што му личи на шампионот, атмосфера, Шкендија тргна со летните подготовки. Попладнево четата на стратегот Ќатип Османи го имаше првиот собир а потоа го одработи и првиот тренинг. Тука беа и новаците Ремзифаик Селмани и Константин Чешмеџиев, а за шегите и досетките во соблекувалната беа задолжени Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу и Енур Тотре.
Инаку Шкендија до 20 јуни ќе ја одработи првата фаза додека формата ќе се „бруси" во Рогашка Слатина каде експедицијата ќе престојува до 2 јули и каде ќе одигра три пријателски натпревари.

Најново во Фудбал