СО ОГЛЕД НА ГОЛЕМАТА КОНКУРЕНЦИЈА ВО ОДБРАНАТА

Шампионот раскина со Олси Теќа

Интернационалецот од Албанија не е повеќе член на Шкендија.

објавено: 4 јуни 2018 - 11:51

Олси Теќа и Шкендија ја раскинаа соработката. По само една година престој во Тетово, и неколкуте шанси кои ги доби од тренерите Брдариќ, Селими и Османи, сепак не покажа дека е квалитет за да биде стандарден првотимец на Шкендија. А тука се Муслиу, Бејтулаи, Адили, Чешмеџиев, Мурати и др.

Секако дека ова е логичен потег на раководството на Шкендија, и онака дефанзивата е конкурентна и квалитетна.

 

Најново во Фудбал