НА ПРВОЛИГАШКОТО ДЕРБИ ПОВЕДОА ТЕТОВЦИ ПРОТИВ ВАРДАР

САМИ ПРОЦЕНЕТЕ: Дали беше регуларен голот на Шкендија? (ВИДЕО)

Денеска во дербито од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига после првото полувреме на стадионот „Борис Трајковски" - Маџари води Шкендија во Скопје против Вардар (0:1).

објавено: 21 октомври 2018 - 15:39

Стрелец на голот за тетовската екипа непосредно пред паузата беше Изаир Емини (45.), иако можеби сомнително од една страна, реагираа играчите на Вардар, особено голманот Гачевски.

Дали е правилна судиската одлука, дали топката ја минала гол линијата? Од оваа фотографија и не може да се види најубаво. Во секој случај голот е во најмала рака спорен.

Најново во Фудбал