ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА БЕЌИРИ

Саити попладнево ќе ги води „гипсарите" против лидерот

Спортскиот директор на Ренова Лирим Саити во некоја рака е В.Д тренер на екипата до назначување на нов стратег. Тој ќе ги „води" гипсарите на денешното гостување кај Академија Пандев

објавено: 26 септември 2018 - 10:30

Лирим Саити, спортскиот директор на Ренова, денеска ќе биде својство на тренер на „гипсарите" на нивното гостување кај лидерот Академија Пандев, во меч од 7. коло во ПМФЛ.

Ова е поради заминувањето на Јетон Беќири кој вчера и официјално си замина од Ренова. Како што велат нашите информации, од утре првите луѓе клубот ќе размислуваат за тоа кого ќе назначат за нов шеф на струката.

Најново во Фудбал