ВТОРО НОВО ИМЕ ВО РЕДОВИТЕ НА ПРИЛЕПЧАНИ

Ристески во одбраната на Победа

По Благоја Љамчевски, Александар Ристески – Егри е вториот нов член на прилепчани. Победа денеска го стартуваше воведниот дел од подготовките

објавено: 9 јануари 2019 - 18:52

Александар Ристески – Егри (26) е засилувањето во одбраната на Победа. Довчерашниот дефанзивец на Ренова, кој пред некој ден си замина од Тетово, не чекаше премногу на нов ангажман. Инаку интересно е тоа што по 2.5 години Ристески се врати во Прилеп.

Тој беше член на Победа во периодот од летото 2016 до јануари 2018, потоа следуваше трансфер во Пелистер за да последните шест месеци ги мина во Ренова.

Претходно Ристески играше и за Младост Царев Двор, Металург, Скопје.Покрај Ристески, досега Победа се засили и со Благоја Љамчевски, искусниот лев бек кој до пред некој ден беше фудбалер на Шкупи.

Николоски: Приоритет е опстанокот

Инаку денеска стратегот Јане Николоски означи старт на подготовките.

„Денеска стартувавме а од утре веднаш ќе почнеме со по два тренинга. До 24 јануари ќе работите во Прилеп, а потоа се селиме во Дојран. Се засиливме со Ристески и Љамчевски, веројатно ќе има уште некое ново име. Наша примарна цел за пролетниот дел е опстанокот во Првата лига. Доколку успееме да се пласираме во финалето во Купот и го освоиме пехарот, тоа ќе биде екстра за нас" изјави за клупскиот сајт Јане Николоски кој доби шанса од раководството на Победа, без тоа в.д., да го води тимот во пролетниот дел.

Најново во Фудбал