„ГИПСАРИТЕ" АКТИВНИ НА ТРАНСФЕР ПАЗАРОТ

Ренова се засили со Пантовиќ, Рамадани и Беќири

Три нови имиња во таборот на прволигашот од Џепчиште

објавено: 11 јули 2018 - 17:30

Никола Пантовиќ, Емран Радамани и Илбер Беќири се нови имиња во редовите на Ренова. Тоа значи дека полека но сигурно „гипсарите" се активираат на трансфер пазарот.

Никола Пантовиќ (24)е напаѓач, доаѓа од Србија и има богата интернационална кариера. Бил член на Солнок, Хонвед, Бекешчаба, а во Србија играл и за екипите на Земун, Раднички Крагуевац и др.
По пауза од неколку месеци во редовите на Ренова се врати Емран Рамадани, со него и тоа како ќе биде засилена напаѓачката линија на тимот на стратегот Јетон Беќири.
Пред неколку дена „гипсарите" успеаја да го договорат и младиот и талентиран дефанзивец Илбер Беќири, тој доаѓа од школата на Шкендија.

Најново во Фудбал