СО ОГЛЕД НА ТОА ДЕКА ВО ЈАНУАРИ ИМ ЗАВРШУВААТ ОБВРСКИТЕ

Ренова им нуди нови договори на Кадриу и Да Силва

Тимот од Џепчиште сака да ги задржи офанзивецот и играчот за врска во своите редови. Сите останати „гипсари" се под договор.

објавено: 11 декември 2018 - 10:00

Флоријан Кадриу и Фернандо Да Силва најверојатно и во пролетниот дел ќе бидат дел од тимот на Ренова предводен од стратегот Никола Илиевски – Џиџи. Имено на офанзивецот и играчот за врска договорите им истекуваат во јануари, па затоа „гипсарите" им понудиле нови, моментално и се преговара, се со цел и Кадриу и Да Силва да останат во Ренова.

Сите останати „гипсари" се под договор, што се однесува до нови имиња, стратегот Никола Илиевски – Џиџи најави дека тој посакува најмалку 3-4 квалитетни прволигашки играчи да го засилат неговиот тим.

Најново во Фудбал