СТРУГА ТРИМ ЛУМ ВО ФИНИШОТ СЛАВЕШЕ ПРОТИВ БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР

Ремизираа Брегалница и Кит Го, мајсторија на Мартин Стојанов!

Денеска во Вторите фудбалски лиги во Македонија, на Западот имаше четири, а на Истокот вкупно три натпревари. Претходните средби неа одиграни нешто порано поради одреден број на повикани фудбалери во националните репрезентации.

објавено: 11 ноември 2018 - 15:10

Дербито на Истокот се играше во Штип, каде што бодовите ги поделија Брегалница и Кит Го (2:2). Гостите од Пехчево поведоа со 0:1 со еден прекрасен погодок на Мартин Стојанов во 56. минута од средбата. Потоа, во самиот финиш штипјани за кратко време направија пресврт благодарение на Иве Трифуновски (87.) и Ристе Наумов (89.), но веднаш од пенал возврати Кит Го преку Александар Темелков (90.)

Во другите два меча на Истокот, Вардар Неготино ремизираше без голови со Тиквеш, а Детонит дојде до вториот триумф сезонава на гостувањето кај Плачковица (0:1) со погодокот на Глигор Николов (45.)

На Западот Струга Трим Лум во самиот финиш од средбата со погодокот на Аљтин Лога (90+4) славеше против Пелистер.

Во следната пресметка на Стадионот „Борис Трајковски" - Маџари во Скопје, славеше тимот на Гостивар против Гоблен Јуниор со голот на Антонио Илиески (57.). И на СРЦ „Железарница" Скопје го надигра Кораби (2:1), во мрежата на гостите стрелаа Мартин Христов (6.) и Филип Јаневски (52. мин). На спротивната страна единствениот гол беше дело на Бљерон Муча (80.)

13. коло, ВТОРА ЛИГА - ЗАПАД

ТЕТЕКС - ВЛАЗЕРИМИ 0:3
СТРУГА ТЛ - ПЕЛИСТЕР 1:0
ГОБЛЕН - ГОСТИВАР 0:1
СКОПЈЕ - КОРАБИ 2:1
ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР - ЛАБУНИШТА 0:0

12. коло, ВТОРА ЛИГА - ИСТОК

БРЕГАЛНИЦА - КИТ ГО 2:2
ВАРДАР (Н) - ТИКВЕШ 0:0
ПЛАЧКОВИЦА - ДЕТОНИТ 0:1
КОЖУФ - КАМЕНИЦА САСА 4:0
БОРЕЦ - ПАРТИЗАН (О) 2:0

Најново во Фудбал