ДОДЕКА СЕ ЧЕКА НЕГОВОТО ВРАЌАЊЕ НА ТЕРЕНИТЕ

Радески денеска го прослави својот 24 роденден!

За еден од најдобрите играчи на Шкендија и репрезентативец на Македонија, денеска беше посебен ден

објавено: 10 февруари 2019 - 20:45

Марјан Радески денеска наполни 24 години. Како што и доликува, ФК Шкендија преку својата официјалната ФБ страна му го честиташе роденденот на еден од своите најдобри фудбалери.

Шампионот едвај чека на неговото враќање на зелените терени, тоа секако го чека и репрезентацијата на Македонија. Најавите се дека следниот месец Радески ќе може да игра на официјални натпревари.

„Спортмедиа" секако дека на еден од нашите најдобри фудбалери му го честита роденденот и му посакува што побргу враќање на зелените терени по тешката повреда.

Најново во Фудбал