БРАЗИЛЦИТЕ ВО ПРВ ПЛАН КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА СКОПСКИТЕ ЕКИПИ

Работнички, Вардар и Македонија ЃП во „САМБА РИТАМОТ"!!!

Досега овие три клубови, некогашни шампиони, ангажираа или се пред потпис дури со седум интернационалци од Бразил. Најконкретни се „лавовите" кои и во овој зимски преоден рок, иако официјално започнува на 15 јануари, досега потпишаа со тројца.

објавено: 6 јануари 2019 - 19:40

Три од четирите скопски прволигашки клубови се свртени кон купување на фудбалери од Бразил. Интересен податок кој вели дека Работнички, Вардар и Македонија ЃП ангажираа или се пред потпис дури со седуммина фудбалери од Бразил. Нема што, некогашните шампиони напролет ќе играат во „САМБА РИТАМОТ", но ајде да тргнеме од почеток, кој се досега дојде во Скопје од Бразил и кој ќе дојде допрва, или пак кој се пресели од една во друга скопска населба.

Барбоса, Кабрал, Пеналва, Карваљо, Левигалдо...

Работнички не потврди, но ниту демантираше дека е пред ангажман на двајца офанзивци од Бразил, и тоа квалитетни. Тоа се Жунињо Кабрал, кој има интернационална кариера во Норвешка и на Малта и Аусерио Барбоса, кој исто така играл и надвор од својата земја. Неофицијалните информации говорат дека тие пристигнуваат на 8 јануари во Градски парк кога ќе стартуваат подготовките.

Македонија ЃП пак потпиша и ги промовираше Андре Пеналва, Изалдо Жуниор и Пауло Едуардо Карваљо. Сите тројца треба да се јават на првиот собир во Ѓорче на почетокот на следната недела. Со тоа продолжува бразилската „колонизација" на Ѓорче, се разбира во позитивна смисла.

Што се однесува пак до Вардар, нашиот најтрофеен клуб е пред ангажман на двајца фудбалери од Бразил, кои во изминатиот период беа „лавови", а тоа се одличните Леовигалдо Жуниор и Робсон да Силва. Да не заборавиме и на четвртиот скопски клуб Шкупи, таму со успех веќе шест месеци игра Серџио, некогашен „романтичар".

Некои други клубови, како на пример Ренова, немаат добро искуство со „кариоките", па така пред неколку денови се „ослободи" од Фернандо Силва, а претходно и од напаѓачот Лукас кој играше и за Македонија ЃП.

А некои пак, како Шкендија, и тоа како се задоволни од својот Стенио Жуниор кој четири години е еден од најдобрите фудбалери на шампионот.

Најново во Фудбал