10 КЛУБА ДО 5 МАЈ 2019 ЌЕ ГО ПОМИНАТ ПРОЦЕСОТ НА ЛИЦЕНЦИРАЊЕ

Прволигашите во потрага на европска лиценца

Пријави за добивање на УЕФА клупски лиценци за сезона 2019/20...Одделението за лиценцирање на Фудбалската федерација на Македонија во текот на месец декември 2018. испрати покани до клубовите од Прва и Втора МФЛ за доставување на пријави за лиценцирање за натпреварувачка сезона 2019/2020.

објавено: 21 декември 2018 - 10:20

Согласно доставените пријави, следниве клубовите аплицираа за добивање на УЕФА лиценца која овозможува настап во натпреварувања во организација на УЕФА во сезона 2019/2020:

1. ФК Академија Пандев – Струмица

2. ФК Беласица - Струмица

3. ФК Вардар – Скопје

4. ФК Македонија 1932 ЃП - Скопје

5. ФК Победа - Прилеп

6. ФК Работнички – Скопје

7. ФК Ренова – с.Џепчиште

8. ФК Силекс – Кратово

9. ФК Шкендија – Тетово

10. ФК Шкупи 1927 – Скопје

Овие клубови во периодот до 05. мај 2019., а согласно ФФМ Правилникот за лиценцирање на клубови за УЕФА натпреварувања, ќе го поминат процесот на лиценцирање за утврдување на исполнетост на критериуми врз основа на кој Комисијата за лиценцирање на ФФМ ќе донесе одлуки кои од клубовите ќе добијат УЕФА Лиценца.

Најново во Фудбал