ПО ДВЕ НЕДЕЛИ ПАУЗА ПОПЛАДНЕВО ПРОДОЛЖУВА ШАМПИОНАТОТ

ПРВА ЛИГА - 10. КОЛО: Нови скопско - тетовски битки...

Дербито е меѓу Вардар и Шкендија, под Шара пак се среќаваат Ренова и Работнички. Џиџи и Тасевски дебитираат на клупите на „гипсарите" и „романтичарите".

објавено: 21 октомври 2018 - 12:05

По двонеделната репрезентатвна пауза, денеска од 14:30 часот продолжува шампионатот во ПМФЛ со натпреварите од 10. коло, или прво коло од втората фаза.

Секако дека во центарот на вниманието е супер дербито меѓу Вардар и Шкендија. Сите погледи ќе бидат насочени кон мечот кој во некоја рака би можел да го „реши" првенството ако Вардар победи.

Под Шара ќе има уште една скопско - тетовска битка. Ренова и Работнички ќе ги водат Џиџи Илиевски и Жикица Тасевски, и двајцата дебитираат на клупите на „гипсарите" и „романтичарите".
На Чаир стратегот на Шкупи Умит Каран против Силекс ја посакува првата победа како тренер на чаирчани.

Одличната Македонија ЃП во последно време се разбира дека ќе оди на добар резултат и против Академија Пандев. И во Струмица, домашната Беласица ја дочекува Победа. Тоа ќе биде интересен и крајно неизвесен натпревар.

ДВОЈКИ ЗА 10. КОЛО - ДЕНЕСКА 14:30 Ч
СКОПЈЕ - „Борис Трајковски": ВАРДАР - ШКЕНДИЈА
ТЕТОВО - Градски стадион: РЕНОВА - РАБОТНИЧКИ
СКОПЈЕ - Стадион на Чаир: ШКУПИ - СИЛЕКС
СТРУМИЦА - „Младост": БЕЛАСИЦА - ПОБЕДА
СКОПЈЕ - Стадион во Ѓорче: МАКЕДОНИЈА ЃП - А. ПАНДЕВ

Најново во Фудбал