ЕНЕС АЗИЗИ ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО

Поранешен голман на ПСЖ го засили Шкупи

После низата заминувања од изминатиот период од Чаир, почнаа и промовирата на новите зимски засилувања...

објавено: 8 јануари 2019 - 11:55

Шкупи денеска официјално потврди дека нов голман на прволигашкиот клуб е Енес Азизи кој доаѓа после пензионирањето од активниот фудбал на Суат Зендели. Азизи доаѓа од швајцарскиот шампионат, 24-годишен чувар на мрежата кој поседува швајцарско и македонско државјанство.

Досега ги бранеше боите на швајцарските клубови Дарданиа и Бавоа, Шкендија, своевремено како помлад беше дел од У19 тимот на Реџана (Италија), како и У19 тимот на ПСЖ (Франција).

„Многу сум задоволен што сум дел од Шкупи, чест ми е што ќе ги бранам боите на овој клуб, големо име и традиција. Ветувам дека ќе го дадам максимумот со цел да се остварат објективните цели", рече Азизи кој потпиша договор на една година.

Најново во Фудбал