ВАРДАР БЕЗ ШАНСА ПО ПРВИТЕ 45. МИНУТИ

ПОЛУВРЕМЕ: Пјуник - Вардар 1-0 (ВИДЕО)

Вардар по првите 45. минути на дуелот со Пјуник има негатива од 1-0. Фудбалерите на македонскиот тим засега не се заканија сериозно по голот на еременскиот тим, кој пак можеше на одморот да замине со поубедливо водство.

објавено: 12 јули 2018 - 16:51

Вардар по првите 45. минути на дуелот со Пјуник има негатива од 1-0. Фудбалерите на македонскиот тим засега не се заканија сериозно по голот на Ерменците кои пак можеа на одморот да заминат со поубедливо водство, погодија статива.

Аветисјан долго време ја влечеше топката на половината на Вардар, никој од гостите не го нападна. На околу 20 метри упати удар кон голот на „црвено-црните“, Конате се најде на вистинското место ја помести ногата и го матираше Гачевски за водство од 1-0 во 28. минута.

Најново во Фудбал