Победа имаше договорена меѓународна контрола со грчкиот Левадијакос, но заминувањето кај соседот во последен момент е откажано, па Тиквеш влета во агендата на тренерот на прилепскиот прволигаш Тони Меглеснки.
Прилепчани тренираат на игралиштето „Могила", а очите им се вперени кон стадионот „Гоце Делчев" каде почнаа градежни работи за да се оспособи теренот и Победа да почне да игра како вистински домаќин на својот терен во прволигашката конкуренција, а не да шета низ градовите во Македонија.
Во паузата на тренинзите Мегленски на располагање го нема и голманот Ванче Манчевски кој се пожали на болки во коленото. Колку ќе одсуствива ќе покажат дополнителните прегледи, а се рехабилитираат од хирушки интервенции на колената ЛукаТрајчески и Владимир Жоглев.