ПРИЛЕПЧАНИ ВО ВОНРЕДНОТО КОЛО ЗАМИНУВААТ ЗА СТРУМИЦА

Победа без Маркоски против „Пандев“

Ристе Маркоски нема да биде во можност да им помогне на неговите соиграчи на гостувањето кај Академија Пандев утре, затоа што ја одлежува суспензијата поради добиени пет жолти картони сезонава.

објавено: 21 ноември 2018 - 12:45

Играчот за врска ги одигра грото од мечевите есенва за Прилепчани и ќе фали реално во нивниот состав на ова тешко гостување, но што е тука е ќе мора да се игра без него.

Од друга страна пак, Победа има реален проблем со тренинзите во моментов затоа што вече временските услови се зимски, на дел од терените падна и снег и во моментов екипата работи на теренот во Могила.

Тренерот Тони Мегленски вели дека екипата и така работи во полн капацитет, дека повредени играчи нема и дека се надева на максимум на гостувањето во Струмица.

Најново во Фудбал