НАМЕРНО ИЛИ НЕ

Перез ќе ги спои Роналдо и Меси

Во недела на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе се одигра долго очекуваниот дуел меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во рамките на реванш финалето во Копа Либертадорес.

објавено: 4 декември 2018 - 19:30

Ривер на крајот прифати да игра во Мадрид, па во недела конечно ќе се одигра Суперкласико, кој беше одложен поради нападот на автобусот на Бока пред стартот на реванш мечот во финалето на Копа Либертадорес.

На трибините на „Сантијаго Бернабеу“ ќе има многу познати имиња, меѓу нив ќе бидат Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои ќе седат еден до друг, благодарение на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Португалецот побарал билет од својот поранешен тим, додека пак Меси од шпанската федерација. 

Роналдо во Мадрид ќе го мине целиот викенд, неговиот Јувентус игра во петок. Ова ќе биде прва посета на шпанскиот град по разделбата со „кралскиот“ тим. 

Најново во Меѓународен Фудбал