БИТОЛСКИОТ КЛУБ ИНВЕСТИРА ВО СВОЈАТА ИДНИНА

Пелистер потпиша со талентираниот Исмаили

Усни Исмаили и ФК Пелистер потпишаа тригодишен професионален договор. Исмаили потекнува од школата на битолчани, а сега игра за Албанија У-19

објавено: 25 јануари 2019 - 17:08

ФК Пелистер и Усни Исмаили денеска потпишаа тригодишен професионален договор. Тоа значи дека еден од најталентираните млади фудбалери на Пелистер, во наредните три години ќе биде член на „зелените" од Битола.

Овој потпис што од страна на клубот го потпиша претседателот Пеце Стојчевски, докажува дека Пелистер се грижи за своите најталентирани фудбалери. Исмаили игра на позицијата десен бек, откако не беше повикуван од селекторите на нашите младински селекции, тој се реши да го прифати повикот на Албанија У-19, за која веќе одигра неколку натпревари.

Од Пелистер велат дека и во иднина ќе потпишуваат вакви професионални договори со своите деца од клубот кои ќе се успеат да се наметнат со својот талент и работа.

Најново во Фудбал