УШТЕ ДВЕ НОВИ ИМИЊА ВО ТАБОРОТ НА БИТОЛСКИТЕ „ЗЕЛЕНИ“

Пелистер ги официјализираше Шопоски и Маркоски

„Саше Шопоски и Ристе Маркоски се нашите нови играчи, се обидуваме да направиме добар тим за пролетната полусезона", вели Менде Степановски, спортскиот директор на Пелистер.

објавено: 5 јануари 2019 - 12:45

Пелистер продолжува со засилување на тимот, од денеска и официјално, како што велат од клубот, битолските „зелени" се посилни за Саше Шопоски и Ристе Маркоски, и двајцата доаѓаат од Победа.

„Се обидуваме да направиме добар тим за пролетната полусезона. Можам да кажам дека Саше Шопоски и Ристе Маркоски се нови имиња во Пелистер. Шопоски е офанзивец, во изминатите шест месеци беше во Победа, претходно во Тиквеш. Додека Ристе Маркоски го вративме по пауза од шест месеци. Што се однесува до Горан Ганчев се уште немаме потпишано, искусниот стопер и Пелистер се во интензивни преговори, прашање на денови кога и тој ќе биде наш играч", ни изјави Менде Степановски, спортскиот директор на Пелистер.

Најново во Фудбал