СЕ НАМАЛИ БРАЗИЛСКАТА КОЛОНИЈА ВО ТАБОРОТ НА „ЛАВОВИТЕ"

Паулиста и Џеферсон си заминаа од Ѓорче

Дознаваме дека Македонија ЃП спогодбено и со двајцата ги раскинала договорите. Остануваат Леовигалдо, Нето и Да Силва Робсон.

објавено: 6 декември 2018 - 18:30

Паулиста Фелипе Сантос де Соуза и Џеферсон Насчименто не се веќе фудбалери на Македонија ЃП. Имено раководството на клубот се реши спогодбено да ги раскине договорите со двајцата интернационалци од Бразил.

Тие веќе си заминаа од Скопје. Тоа значи дека се намали бразилската колонија во редовите на Македонија ЃП од петтмина на тројца. Во пролетниот дел за Македонија и натаму ќе играат Нето, Леовигалдо Жуниор и Робсон Да Силва.

Сепак можно е во зимскиот преоден рок „лавовите" да ангажираат уште некој „кариока", но и некој други играчи од нашата Прва лига. По се изгледа за ѓорчепетровци нема зимска пауза, барем за челниците на клубот.

Најново во Фудбал