АЛБАНСКИОТ КЛУБ ГО ПОСАКУВА НАПАЃАЧОТ

Партизани Тирана со понуда до Агим Ибраими!

Покрај лидерот во шампионатот на Албанија, интерес за некогашниот репрезентативец на Македонија, пројавуваат и клубови од С. Арабија, Кипар, сепак тој најблиску е до Шкендија

објавено: 11 јануари 2019 - 19:06

Според медиумите во Албанија и Словенија, а така велат и нашите информации, челниците на Партизани Тирана силно го посакуваат во своите редови Агим Ибрами. Некогашниот репрезентативец на Македонија, откако раскина со Домжале, сега е трансферна цел на повеќе клубови. Уште повеќе, Партизани Тирана доставил понуда до Ибраими, но таа била помала од она што Шкендија му го нуди, а познато е дека нашиот шампион има намера да го врати Агим во Тетово и тоа не се крие. Прашање на денови, можеби и часови е кога Агим Ибраими би можел да го официјализира враќањето во својот матичен клуб на задоволство на фановите на Шкендија. За Агим Ибраими интерес, па и понуди има и од Саудиска Арабија, потоа Кипар, но и клубови од други земји.

Најново во Фудбал