ПРЕД НЕДЕЛНИОТ ЕКСТРА ВАЖЕН МЕЧ СО РАБОТНИЧКИ

„Пандевци“ без Балдовалиев против „романтичарите“

„За жал, поради пет жолти картони, не можеме да сметаме на првиот стрелец на неделниот меч со Работнички. Сепак тука е Сашко Пандев од кого јас очекувам да ги поведе момците во добар резултат против скопскиот тим" вели Југослав Тренчовски, тренерот на А. Пандев.

објавено: 11 мај 2018 - 11:45

До крајот на првенството остануваат уште три кола. А. Пандев во недела, во Турново, го дочекува Работнички. Тоа ќе биде дуел на две екипи кои имаат амбиции на лето да играат во Европа.
Според зборовите на тренерот на „пандевци" Југослав Тренчовски, неговиот тим на овој меч нема да смета на својот „бомбардер".

„Да, точно е дека поради пет жолти картони на овој натпревар нема да настапи Зоран Балдовалиев, нашиот прв стрелец и еден од најдобрите голгетери во Лигата. Секако дека тоа е хендикеп за нас, но затоа тука е Сашко Пандев кој сега е целосно фит. Јас лично од него очекувам да ги поведе младите колеги од екипата и против својот поранешен тим да одигра најдобро што може. Искрено не се оптоваруваме премногу со Европа, наш приоритет беше да избориме опстанок, е сега ако ни се укаже шанса секако дека нема да ја пропуштиме, сепак свесни сме дека се зависи од дуелот со Работнички" заврши Тренчовски.

Најново во Фудбал