МАКЕДОНИЈА ИМАЛА МАЈСТОРИ ЗА СЛОБОДНИ УДАРИ

Па, ова е за „Пушкаш“: Ја видовте ли новата „бомба“ од 30. метри на Петковски? (ВИДЕО)

Игор Клечкароски, Енис Барди, Петар Петковски...се само дел од оние фудбалери кои навистина знаат како да реагираат кога се во прашање слободните удари.

објавено: 31 октомври 2018 - 20:30

Работнички оствари триумф (3-1) над Победа на арената „Филип Втори" - Скопје, во рамките на 12.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. После овој триумф, „романтичарите" се наоѓаат на четвртата позиција на табелата со 17 освоени бода.

Вреди да се одвои новиот фантастичен погодок на Петковски (седми сезонава) кој можеби нешто над 30. метри изведе еден прекрасен шут, прецизно во мрежата на противничкиот голман.

Ова е дефинитивно досега еден од најубавите голови не само во нашето првенство, туку и пошироко. 

ГОЛОТ НА ПЕТКОВСКИ ЗА 3:0 НА РАБОТНИЧКИ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА 01:55 МИН. ОД ВИДЕОТО

Најново во Фудбал