МЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ЌЕ ЗАМИНЕ НА ПОЗАЈМИЦА

Од Шкупи, Сефо премина во Велазерими

Алтин Сефо следните шест месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот на Кичевски Велазерими.

објавено: 10 август 2018 - 20:25

Младинецот на Шкупи, во потрага по поголема минутажа, играчот за врска е испратен во Кичево каде што во моментов имаа насушна потреба од квалитетни фудбалери. Сефо е со статус на младински репрезентативец на Македонија и секако дека ќе направи разлика во која и да екипа настапува.

Кичевци имаат проблеми сезонава да склопат екипа како што посакуваат, и Сефо секако дека одлично ќе дојде како пополнување на нивниот играчки кадар. Од друга страна пак и на Шкупи како клуб им одговара ваквата политика затоа што младиот играч реално тешко дека ќе може да се избори за минутажа сезонава на Чаир.

 

Најново во Фудбал