Од шампионот ова лето „слободни“ се Захов, Муслиу, Цуцули, Хасани, Алими...

И кај тетовските „црвено-црните“ на деветмина играчи летово им истекуваат договорите и тоа: Захов, Цуцули, Муслиу, Мурати, Алими, Бојку, Хасани и младите Шефити и Зејнулаи

објавено: 19 мај 2018 - 11:00

Веќе пишавме дека од Вардар после натпреварот со Шкупи, деветмина играчи се со истечени договори, и можат на лето да си побараат нова средина, но ситуацијата кај нивниот ривал Шкендија е слична, но е нешто подобра. 

Така од Шкендија летово без никакво обесштетување можат да си заминат голманот Костадин Захов, потоа Ардијан Цуцули, истекува позајмицата и на Висар Муслиу од Приштина, а без договори остануваат и Мевљан Мурати, Арменд Алими, Бесмир Бојку, Арбин Зејнулаи, Шефит Шефити, и најдобриот играч на тетовските „црвено-црни“ Ферхан Хасани. 

Ако за Хасани имаше најава дека се преговара за негово продолжување на соработката, тогаш другите играчи засега се на „стенд-бај“, меѓутоа голема е веројатноста раководството на Шкендија да преговара со повеќемината од нив за продолжување на соработката. И од другата страна ќе нема проблем, со оглед на фактот дека сите сакаат да играат во квалификациите во Лигата на шампионите. 

 

Најново во Фудбал