ИАКО ПРИСТИГНУВААТ ПОНУДИ ЗА ЕВЕНТУАЛНИ ТРАНСФЕРИ

Нвабуезе, Макота и Танушев се „врзани" за Победа!!!

Од таборот на прилепчани велат дека знаат дека тројцата нивни најдобри играчи се барани на трансфер пазарот, но дека нема шанси било кој да си оди од клубот зошто сите се врзани со договори.

објавено: 18 декември 2018 - 18:24

Киријан Нвабуезе, Јаник Макота и Ѓорѓи Танушев, тројцата најдобри играчи на Победа се трансферна цел на речиси половина клубови од нашата Прва лига. Сите тројца имаа одлична есенска полусезона во дресот на прилепчани, посебно блескаше Американецот Нвабуезе, но како што велат од клубот, нема шанса никој од нив да си оди ако се знае дека тие се „врзани" со постоечки договори.

Како што велат нашите неофицијални извори клубот, иако на сите играчи им се должат по неколку плати, придонесите кон државата ги платил па така и по тој основ играчите не можат да добијат раскин на договорите. Се разбира дека може да си заминат од Победа само ако за нив се исплати потребната отштета. А се знае дека тоа во Македонија е мисловна именка. Поминаа тие времиња кога Шкендија и Вардар плаќаа по 150.000 евра отштета за Марјан Радески (Металург) и Дарко Велковски (Работнички).

Најново во Фудбал