ЌЕ ОДИ НА ПОЗАЈМИЦА ВО СЛОВАЧКА

Ништо од Вардар, Спартак Трнава го добива Маркоски!

Тимот кој што во Лига Европа играше против Динамо Загреб и Фенербахче, го посакува нашиот репрезентативен напаѓач и фудбалер на АЕЛ Лимасол.

објавено: 11 февруари 2019 - 08:00

Тешко и веројатно никако, дека Кире Маркоски ќе го засили нападот на Вардар. Вардаци не кријат дека го посакуваат репрезентативниот напаѓач, но сега во „игра" е и Спартак Трнава. И по се изгледа дека тимот од Словачка и ќе го добие. АЕЛ Лимасол, чиј играч е, го праќа Кире Маркоски на позајмица, но не и во Вардар.

Како што велат нашите информации тој е многу блиску во пролетниот дел да го носи дресот на еден од најдобрите тимови во Словачка, тим кој што есенва играше во групната фаза во Лигата на Европа против Динамо Загреб, Фенербахче и Андерлехт. Се чини дека Вардар ќе остане без едно свое големо, и планирано, засилување.

 

Најново во Фудбал