ШКЕНДИЈА ГО ДОБИ ДЕРБИТО НА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ПРОТИВ ВАРДАР

Ништо од „репете“ и фер навивање: Сомнителниот гол на Емини и „проектилот“ на Ибраими! (ВИДЕО)

Денеска во 10. коло од најинтересниот натпревар во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ) составот на Шкендија триумфираше над Вардар (0:2).

објавено: 21 октомври 2018 - 17:12

Најпрвин пред крајот на првото полувреме стрелаше Изаир Емини чиј погодок предизвика големо внимание, за судиите е регуларен погодок, а играчите на Вардар и особено голманот Гачевски не можеа да се помират со одлуката да се признае голот.

Сите дилеми околу победникот ги реши Бесарт Ибраими кој со еден силен и прецизен удар ги потврди трите бода на Шкендија која сега е на само „минус четири" од Вардар во генералниот пласман на 1МФЛ.

Во продолжение погледнете ги најинтересните моменти од дерби пресметката на стадионот „Борис Трајковски" - Маџари, Скопје помеѓу екипите на Вардар-Шкендија:

Најново во Фудбал