ТРАНСФЕР ОД ЧАИР ВО БЕЛГИЈА

Ндонг Овоно, бекот на Шкупи, потпишува за Вестерло!

Преговорите се во завршна фаза, се разгледуваат деталите, па така интернационалецот од Екваторијална Гвинеја, кој во Шкупи дојде на почетокот на оваа година, ќе се пресели во тимот од Втората лига на Белгија. 

објавено: 10 декември 2018 - 20:34

Басилио Ндонг Овоно, левиот бек на Шкупи е пред трансфер во Вестерло, клуб кој моментално се натпреварува во Втората Лига на Белгија. Станува збор за млад фудбалер, има само 19 години и е член на селекцијата на Екваторијална Гвинеја, долго време е скениран од страна на скаути од Белгија. Го свртел вниманието уште летоска кога Шкупи играше против Глазгов Ренџерс во квалификациите во Лигата на Европа. Како што дознаваме преговорите се во завршна фаза, се разгледуваат деталите.

Со оглед на тоа дека Ндонг Овоно е под договор со Шкупи, секако дека клубот од Чаир ќе добие солидна отштета од страна на Вестерло за услугите на интернационалецот од Екваторијална Гвинеја.

Најново во Фудбал