НАЈАВУВААТ РЕШАВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ

Наскоро Барсегјан и Максимов ќе заиграат за Вардар

Долгот на сите во клубот се очекува наскоро да биде намирен, а со тоа ќе може да добијат и продолжување на работната дозвола Ерменецот и Русинот за да им помогнат на соиграчите во последните четири кола кои ќе се играат во забрзан ритам

објавено: 8 ноември 2018 - 13:20

Вардаровите играчи и покрај финасиските прблеми кои цела полусезона го тресат најтрофејниот македонски фудбалски колектив, добро се носат на теренот. На пет кола пред зимската пауза паднаа од лидерската позиција и сега се на делба на првото место со актуелниот првак Шкендија поради полоша гол-разлика. Се надеваат „црвено-црните" дека ќе издржат до крајот со овој проблем за да останат во чекор со Шкендија за напролет да се покажат во вистинското издание. Дотогаш, раководството на Вардар ветува дека од дневен ред ќе бидат симнати долговите кон стручниот штаб, играчите и административците во клубот.

НАСКОРО ИСПЛАТА НА ДОЛГОВИТЕ
Раководството не прецизира точно временски кога ќе се случи исплатата за сите во клубот, но вели дека тоа ќе биде наскоро. Со исполнувањето на таа обврска ќе биде овозможено и продолжување на работната дозвола за напаѓачите Ерменецот Тигран Барсегјан и Русинот Максим Максимов кои им се неопходни на „црвено-црните", бидејќи немаат гол-играчи и затоа тешко стигнуваат до победите во вториот натпреварувачки круг, па ривалот Шкендија го искористи тоа за да ги стигне и престигне на табелата. Челните луѓе на Вардар се оптимисти и велат дека Барсегјан и Максимов сигурнио ќе се вратат во тимот пред да заврши есенскиот дел, односно во последните четири кола по принудната пауза поради репрезентативните настапи кого во рок од дестина дена ќе се одиграат последните четири кола од вториот натпреаврувачки круг.

Најново во Фудбал