ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ФАТИЈА РИТАМ

На Вардар му оди со Словенци, совладан е и Домжале

Македонскиот вицепрвак, Вардар ја забележа втората победа во рамките на подготовките за новата сезона. По Шампион, падна и Домжале, кого го совлада со 2-1.

објавено: 20 јуни 2018 - 20:16

Вардар забележа нова победа во рамките на подготовките за новата сезона. На македонскиот вицепрвак му трна со Словенците, по Шампион од Целје, падна и Домжале кого го совладаат со 2-1.

Словенечкиот тим поведе со голот на македонскиот интернационалец, Агим Ибраими во 19. минута, пред крајот на првото полувреме Исеини израмни на 1-1, а победничкиот гол го постигна Марковиќ во 75. минута. 

Стратегот на „црвено-црните“, Бобан Бабунски на овој меч го немаше на располагање Максим Максимов, кој вчера ги напушти подготовките во Зрече, со цел да реши крупни проблеми. 

Следниот пријателски натпревар, Вардар го игра за пет дена против Оренбург.

 

Најново во Фудбал