ВЕТУВАЊАТА СЕ ИСПОЛНИЈА, СЕГА Е ВРЕМЕ ЗА ПОБЕДИ

Моќен Работнички од кој сите ќе стравуваат!

Пред стартот на преодниот рок претседателот на „романтичарите" Драган Поповски вети дека ќе се донесат екстра играчи за силен Работнички. Овој тим на Работнички, со десетте новаци, треба да биде тим од кој сите ќе стравуваат

објавено: 12 февруари 2019 - 09:57

Почнаа со Баже Илијоски а завршија со Давид Манојан. Ете тоа е епилогот на зимскиот преоден рок, кој заврши синоќа, кога станува збор за Работнички. Пред стартот на преодниот рок претседателот на клубот

Драган Поповски вети дека ќе се донесат екстра засилувања за силен Работнички. И тој тоа ветување го исполни откако успеа да ангажира дури десеттмина екстра играчи за наши услови. Баже Илијоски, Дејан Блажевски, Мики Петровиќ, Горан Силјановски (штета што се повреди), Бојан Ѓоргиевски, Стојан Стојчевски, Кабрал Жунињо, Николај Дулгеров, Емил Вијачки и Давид Манојан се момците кои оваа зима дојдоа или се вратија во Градски парк. Овој тим е моќен, силен на хартија, тим од кој сите секако дека ќе стравуваат. Но овој тим на Работнички својот квалитет треба да го предочи на терен, на хартија се силни „романтичарите", но на терен се освојуваат бодови.

Да, сега сите очи во клубот се вперени кон стратегот Жикица Тасевски. Сега тој со своите момци преку напорна работа и победи ќе мора да ги оствари клупските амбиции, а тие се излез во Европа. Ни повеќе ни помалку.

 

Најново во Фудбал