ПОРАДИ ПЕТ ЖОЛТИ КАРТОНИ

Мици ќе го пропушти супер – дербито со Вардар!

Левиот бек на Шкендија нема право на настап во недела, добра вест за тетовци е што Егзон Бејтулаи е фит и дека ќе се најде во стартниот состав.

објавено: 11 февруари 2019 - 10:00

Гледи Мици во моментов е најнесреќниот човек во таборот на Шкендија. Имено тој нема право на настап на неделното мега – дерби со Вардар, меч од првото пролетно коло кој се игра под Шара со почеток од 14 часот. А нема право со оглед на тоа дека е под суспензија, одличниот бек од Албанија има пет жолти картони и ќе мора да го прескокне тој натпревар.

Добра вест за стратегот на шампионот Ќатип Османи е таа што репрезентативецот Егзон Бејтулаи е фит и дека повеќе од сигурно ќе настапи на мечот со Вардар. Па така сега ако Османи се реши да игра во формација 4-2-3-1, назад би играле од десно на лево Тодоровски, Бејтулаи, Муслиу и Мурати. Ако пак Османи се реши за формација 3-4-3, е тогаш како стопери би играле Бејтулаи, Муслиу и Чешмеџиев. Овие претумбации се поради суспензијата на Гледи Мици.

 

Најново во Фудбал