СПОРЕД „СПОРТ“

Марио Крстовски од Академија Пандев играч на колото (ФОТО)

Во последниот натпревар од Првата македонска фудбалска лига од 17. коло на Градскиот стадион во Тетово трумфираа „пандевци" со 0:1 против актуелниот бранител на титулата.

објавено: 30 ноември 2018 - 15:30

Најзаслужен за деветтата победа на Академија Пандев во шампионатот беше Марио Крстовски кој ги донесе трите бода во 26. минута од средбата.

Според „СПОРТ", Крстовски е прогласен за играч на колото и секако воедно се наоѓа во тимот на колото.

Тим на колото и оценки: Кобетиќ (3), Херера (3), Костов (3.5), Димов (3), Тодоровски (3), Исени (3), Стоилов (3.5), Брдаровски (3), Крстовски (3.5), Ф. Петковски (3), Попзлатанов (3).

Тренер на колото, Југослав Тренчовски

ЈУГО И НЕГОВИТЕ БОРЦИ

Да се победи Шкендија, да се победи шампионот на негов терен секако дека не е мала работа. Тоа во ова 17.коло го направи тимот на Академија Пандев и тоа предводена од својот стратег Југослав Тренчовски, тренер кој сака неговиот тим да игра офанзивен и напаѓачки фудбал.

Само на тој начин се победува најдобриот тим во Првата лига Така и беше, струмичани не се исплашија од Шкендија, напротив, влегоа на теренот со цел да победат. И затоа победија. „Пандевци" покрај Победа се единствената екипа која оваа есен го поразила тимот на Шкендија.

Најново во Фудбал