ИЗБРАНИ ТРЕНЕРИТЕ ВО МЛАДИНСКИТЕ КАТЕГОРИИ

Љамчевски координатор на школата на Пелистер

објавено: 26 декември 2014 - 16:22

Битолскиот прволигаш Пелистер вчера и официјално објави дека Наум Љамчевски, поранешниот фудбалер на овој клуб ќе ја превземе улогата на координатор на фудбалската академија на клубот.

Љасмчевски веднаш започнува со работа на новоназначената функција, а тој како поранешен тренер на Пелистер добро го познава амбиентот и соработниците кои исто така се бивши фудбалери на клубот. Во возрасните категории тренери во школата на Пелистер ќе бидат Спасе Ристевски, Ѓоко Илиевски, Димитар Капинковски, Кире Грозданов, Драган Димитровски, Сашо Илиевски и Никола Мрмачовски.

Битолчани истовремено договорија меч со српскиот прволигаш Младост од Лучани во Дојран, кој ќе биде загревање пред заминувањето во Анталија, каде ќе се одработи главната фаза од зимските подготовки. Деновиве треба да се знае со кој се ќе играат битолчани на турскиот југ, а меѓу противниците најверојатно е и Анталијаспор.

Најново во Фудбал