ЕКСТРА ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ТАБОРОТ НА „ЗЕЛЕНИТЕ“

Љамчевски избега од Победа и потпиша за Пелистер!

Нови име на битолскиот второлигаш е и Ристе Илијовски кој се врати од Албанија.

објавено: 11 февруари 2019 - 13:08

Од денеска Благоја Љамчевски е ново име во Пелистер, тој се врати во својот матичен клуб. И тоа не е чудно, многу почудно е тоа што тој веќе цела зима беше во Победа, ги мина подготовките, но поради нереализирање на дел од договорот искусниот лев бек си замина од Прилеп и потпиша за Пелистер.

Инаку ново име меѓу „зелените" е и Ристе Илијовски кој се врати од Албанија. Да потсетиме дека вчера Плеистер среде Прилеп со 2:1 ја совлада Победа.

Најново во Фудбал