НОВО ЗАМИНУВАЊЕ ОД ЧАИР

Љамчевски и Шкупи пред разделба!

Како што дознаваме Благоја Љамчевски, по Баже Илијоски и Кристијан Стојкоски, ќе биде третиот фудбалер кој оваа зима ќе се раздели со чаирчани. 

објавено: 14 декември 2018 - 08:00

По се изгледа дека Благоја Љамчевски и Шкупи се пред разделба. Тоа го велат нашите неофицијални информации. Инаку искусниот лев бек има важечки договор со чаирчани и ако навистина дојде до негово заминување тогаш на тоа мора да се сложи и самиот клуб.

Интересно е тоа дека пред неколку денови од Шкупи си заминаа и Баже Илијоски и Кристијан Стојкоски. Сите тројца се квалитетни прволигашки играчи и за нив веќе има интерес, веројатно многу бргу ќе направат трансфери.

Инаку Љамчевски досега во својата кариера, покрај Шкупи има играно и за Пелистер, Македонија ЃП, Работнички, Победа, Металург и Вардар.

 

Најново во Фудбал