СЕ ЧЕКА САМО ПРОМОЦИЈАТА

Леовигалдо Жунињо и официјално „вардарец“

Бекот од Бразил, кој досега беше „лав", потпиша за „црвено – црните", останува само уште промоцијата. Вардарци го чекаат Битанг, кој веројатно ќе се приклучи во Анталија

објавено: 12 јануари 2019 - 14:44

Леовигалдо Жунињо Жуниор и официјално е нов фудбалер на Вардар. Бразилскиот бек кој во изминатиот период го носеше дресот на Македонија ЃП, и тоа успешно, е првото и засега единствено засилување во таборот на нашиот најтрофеен клуб. Се шпекулираше дека и Робсон да Силва, исто од Македонија ЃП, ќе се пресели во Вардар, но до овој момент од тие најави нема ништо. Кога сме кај Леовигалдо, да споменеме дека тој веќе неколку денови тренира со колегите од својот нов клуб.

Од Вардар велат дека нема премногу да бидат активни на трансфер – пазарот, но и дека го чекаат Кларенс Битанг, кој пак најавил дека ќе задоцни неколку денови. Па така постои опција Камерунецот директно во Анталија да се приклучи во работата на екипата.

Најново во Фудбал