МАКЕДОНИЈА ЃП ВО ПРОБЛЕМИ ЗА УТРЕШНОТО ГОСТУВАЊЕ КАЈ ШАМПИОН

„Лавовите“ без пола бразилска колонија против Шкендија!

Нето и Да Силва сигурно нема да играат поради повреда, Леовигалдо и Џеферсон се неизвесни.

објавено: 27 октомври 2018 - 22:15

Македонија ЃП е во добра серија, во последно време игра добро, славеше над Работнички, Победа, А. Пандев а во Купот го елиминира и Вардар. Утре ќе го има најголемиот предизвик досега, ќе му гостува на шампионот Шкендија.

„Лавовите" иако се во добра форма, сепак тие си имаат проблеми.Имено тренерот Александар Таневски не ќе може да смета најмалку на двајца Бразилци, од вкупно петте, кои се во Ѓорче Петров. Имено повеќе од сигурно е дека нема да настапат стоперот Нето и играчот за врска Да Силва, додека неизвесни се Леовигалдо и Џеферсон.

Инаку Македонија ЃП добро знае дека ја чека пекол под Шара. По триумфот над Вардар, Шкендија секако дека посакува уште една добра игра и убедлива победа. Да кажеме дека и традицијата е на страната на тетовци. Тие од Македонија ЃП немаат пораз во последните 5-6 години, на последните десет меѓусебни меча победиле осум пати а двапати „лавовите" успеале да ремизираат. Гол разликата е дури 25:4 за Шкендија.

Најново во Фудбал