РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ КАНДИДАТУРИ ВО ФФМ ИСТЕКУВА В НЕДЕЛА

Костов, Станојковиќ и Јонуз на „листата на чекање“...

објавено: 8 август 2018 - 13:15

Кандидатите за претседател на ФФМ имаат рок да ги официјализираат своите кандидатури до недела, дваесет дена пред собраниската седница на која треба да се бира претседателот.

Дотогаш сите треба да си обезбедат чист делегатски мандат.
Ако не им успее, тогаш делегатите на Собранието, на 1 септември ќе немаат кандидат за кого да гласаат, бидејќи од актулените делегати никој не пројавил такви апетити.

Можеби некој од членовите на УО на ФФМ би се впуштиле во таква авантура, но и тие немаат делегатски мандат. Ќе се соочат со истите проблеми како и надворешните членови. Затоа како одминуваат деновите се погласно се наметнува измената на дневниот ред кој треба да биде утврден најдоцна десет дена пред одржувањето на Собранието.

Наместо да се избира претседател, може да се случи да бидат распишани избори за сите кандидати да се вклучат во трката.

Ако Харалампие Хаџиристески презема конкретни чекори да го добие делегатскиот мандат, а со тоа и да се вклучи во претседателската трка на ФФМ, другите кандидати Влатко Костов, Вујадин Станојковиќ и Мирсад Јонуз остануваат на листата на чекање.
Свесни дека не можат да се справат со временските рокови за да го добијат делегатскиот статус во Собранието што е главниот услов да се вклучат во претседателската трка, неофицијалните кандидати не креваат раце од оваа работа. Тие чекаат од Управаниот одбор на ФФМ кој ги распиша изборите да преземе чекор со кој на сите ќе им даде подеднаква шанса да се најдат во претседателската трка.

Најново во Фудбал