ПРВА ЛИГА - 17. КОЛО (ДЕНЕСКА 13:00 Ч)

Ќе победи ли конечно Вардар дома?

Интересно ќе биде на Маџари каде вардарци ја дочекуваат Победа и се надеваат конечно на домашен триумф. Шкупи ја дочекува Ренова, Работнички гостува во Струмица, под Шара се игра дербито а во Ѓорче доаѓа Силекс.

објавено: 28 ноември 2018 - 11:00

Вардар заборави кога последен пат победи дома, тоа беше на 6 октомври кога славеше над А. Пандев со 3:0. Одтогаш па наваму момците на стратегот Александар Васоски одиграа четири меча на „Маџари" и освоија само два бода од можни 12.

Денеска во рамките на 17. коло, Вардар ја дочекува Победа и посакува само три бода и ништо друго.

Ренова гостува во чаирскиот „пекол"

Шкупи на свој терен игра со Ренова, чаирчани се наоѓаат во добра серија и три бода против „гипсарите" ќе значат и атак кон врвот на табелата. Работнички пак по двете победи во серија со Вардар и Македонија ЃП, оди во Струмица кај Беласица со надеж дека може да освои најмалку бод. Дербито се игра под Шара, додека во Ѓорче „разнишаната" Македонија ЃП го пречекува „грогиораниот" Силекс.

ДВОЈКИ ЗА 17. КОЛО - ДЕНЕСКА 13:00 Ч
ШКЕНДИЈА - А.ПАНДЕВ
ВАРДАР - ПОБЕДА
БЕЛАСИЦА - РАБОТНИЧКИ
ШКУПИ - РЕНОВА
МАКЕДОНИЈА ЃП - СИЛЕКС

Најново во Фудбал