ПЕХЧЕВЦИ МАКСИМАЛНО ПОДГОТВЕНИ ЗА ГОСТУВАЊЕТО ВО ПРИЛЕП

Кит Го сака победничка серија

„Иако не посочуваат како фаворити, сепак нема да биде лесно на дуелот со Партизан Обршани. Посебно ако се знае дека во нападот ќе бидеме без еден од нашите најдобри фудбалери Мартин Стојанов кој е повреден" вели за „Спортмедиа" тренерот на пехчевци Трајче Сенев.

објавено: 29 септември 2018 - 12:30

Пред второлигашите во двете фудбалски конкуренции од Исток и Запад, денеска (15 часот) нови предизвици се мечевите од 7. првенствено коло од трикружниот натпреварувачки систем во двете групи. Во забрзаниот ритам новите обврски можат да придонесат за изненадувачки резултати и рокади на табелите во двете конкуренции, бидејќи разликата меѓу екипите не е голема. Со победа се качуваат скалило погоре на табелата, а со пораз паѓаат во опасната зона. Домашниот терен останува предност во оваа конкуренција.

По двете победи над Детонит и Саса, екипата на Кит Го посакува трета по ред со цел да влезе во победничка серија, а со тоа и да остане при врвот на табелата во Втората Лига-Исток.

Денеска пехчевци ги чека гостување во Прилеп каде се среќаваат со солидната екипа на Партизан Обршани.

„Ние сме максимално подготвени за тоа што не чека денеска. Иако не посочуваат како фаворити, сепак нема да биде лесно на дуелот со Партизан Обршани. Посебно ако се знае дека во нападот нема да можеме да сметаме на еден од нашите најдобри фудбалери Мартин Стојанов кој е повреден. Нема да има потценување, ќе одиграме максимално сериозно и ќе се обидеме да освоиме бодови" вели Трајче Сенев, тренерот на Кит Го.

На останатите средби, Тимот од Велес е единствената екипа кој од стартот на сезонава реди само победи, по шест одиграни кола, а нов предизвик да ја продолжи низата на триумфи ќе има пред своите гледачи со Вардар

На Западот дерби ќе играат новакот Генч Калемлер и Влазерими, а во Битола екс-прволигашот Пелистер со ново раководство против лидерот Гостивар ќе се обиде да стигне до првата победа.

ДВОЈКИ ЗА 7. КОЛО
ДЕНЕСКА, 15:00 Ч
ИСТОК
КАМЕНИЦА САСА - ТИКВЕШ
ДЕТОНИТ ЈУНИОР - БРЕГАЛНИЦА
ПАРТИЗАН (О) - КИТ ГО
БОРЕЦ - ВАРДАР (Н)
КОЖУФ - ПЛАЧКОВИЦА

ЗАПАД
ГОБЛЕН - СКОПЈЕ
ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР - ВЛАЗЕРИМИ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ - КОРАБИ
ТЕТЕКС - ЛАБУНИШТА
ПЕЛИСТЕР - ГОСТИВАР

 

Најново во Фудбал