ОДРЕДЕНИ СУДИИТЕ ЗА 14. КОЛО ВО ПМФЛ

Јакимовски на „центарот" на Чаир

Скопски судија за големото дерби на главниот град меѓу Шкупи и Вардар. Додека на Работнички - Шкендија ќе им суди Марјан Ецкоски од Охрид

објавено: 8 ноември 2018 - 13:09

Во сабота се играат сите пет мечеви од 14. коло во Првата фудбалска лига. Најголем интерес побудува дербито на Скопје меѓу Шкупи и Вардар, на тој меч фудбалската правда на Чаир ќе ја дели Дејан Јакимовски. Додека на второто дерби, она меѓу Работнички и Шкендија, ќе го суди Марјан Ецкоски од Охрид.

РЕНОВА - ПОБЕДА (М. Гоцевски - Струмица)
СИЛЕКС - А. ПАНДЕВ (Ј. Бартон - Скопје)
РАБОТНИЧКИ - ШКЕНДИЈА (М. Ецкоски - Охрид)
ШКУПИ - ВАРДАР (Д. Јакимовски - Скопје)
БЕЛАСИЦА - МАКЕДОНИЈА ЃП (М. Маркоски - Охрид)

 

Најново во Фудбал