ОДЛУКА ВО ТЕКОТ НА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА

И Јане Николоски кандидат за тренер на Победа!?

Како што велат од таборот на прилепчани, Бордот на директори допрва ќе решава кој ќе биде новиот тренер на Победа. Јане Николоски, кој на последните два меча го водеше тимот како в.д. тренер, е еден од кандидатите.

објавено: 13 декември 2018 - 11:25

Може лесно да се случи Јане Николоски, спортскиот директор на Победа да добие доверба и да биде назначен за нов шеф на стручниот штаб на Победа. Имено во текот на следната недела, Бордот на директори треба да се состане и да реши за тоа на кого ќе му биде укажана доверба да го води тимот во наредниот период. Да потсетиме дека Тони Мегленски во финишот на есенската полусезона доби отказ, поради слабите резултати како беше кажано во образложението. На негово место за последните два меча, како в.д. тренер, беше поставен Јане Николоски, кој воедно е и спортски директор. Тие два меча се одиграа а сега останува да се постави нов шеф на струката.

Но интересно е тоа што токму Николоски, кој јавно кажа дека тој ќе биде тренер само на тие два меча со Македонија ЃП и Шкендија, е еден од главните кандидати за тренер на гордоста на Прилеп, клуб кој е во големи финансиски проблеми. Јасно е дека клубот прво треба да назначи тренер а потоа да размислува за тоа каде и како ќе се одвиваат подготовките, но и за тоа какви се амбициите на прилепчани во текот на зимскиот преоден рок.

Најново во Фудбал