УШТЕ ЕДНА ПРОМОЦИЈА ВО ЃОРЧЕ

И Изалдо Браз Жуниор стана „лав“!

Македонија ЃП од денеска е посилна за уште еден Бразилец. Тоа е левиот бек Изалдо, кој има играно и за Зимбру од Молдавија

објавено: 12 јануари 2019 - 15:05

Македонија ЃП она што го најави, денеска го оствари. Го промовираше Изалдо Браз Жуниор, лев бек кој дојде на местото на Леовигалдо Жунињо кој пак се пресели во Вардар. Изалдо е третиот Бразилец кој оваа зима и официјално дојде во таборот на ѓорчепетровци.

Вчера „лавовите" ги промовираа Пауло Едуардо и Андре Пеналва. Браз досега има играно за повеќе клубови во Бразил, интересно е тоа дека некогаш бил член и на Зимбру Кишињев, еден од најдобрите клубови во Молдавија. Со ова, така велат „лавовите", се затвора зимскиот преоден рок кога станува збор за ангажман на фудбалери од странство.

Покрај трите „кариоки" да потсетиме дека Македонија ЃП се засили и со офанзивецот Бењамин Демир.

Најново во Фудбал