РЕНОВА СО ТРИ НОВИ ИМИЊА ГИ СТАРТУВАШЕ ПОДГОТОВКИТЕ

И Џиџи денеска „прозиваше"

Засега Мустафов, Мијовски и Адем се нови „гипсари", додека клубот од Џепчиште го напуштија Силва, Максути, Имери, Јусуфи и Ристевски.

објавено: 8 јануари 2019 - 20:00

Од денеска ФК Ренова е на зимски подготовки. Шефот на стручниот штаб Никола Илиевски – Џиџи прво прозиваше а потоа заедно со своите играчи го одработи и првиот тренинг. Инаку „гипсарите" до 25 јануари ќе работат во Тетово, потоа одат на десетдневни подготовки во Охрид каде ќе одиграат и неколку пријателски натпревари. Засега договорени се дуелите со Струга Трим Лум и Металац Смедерево (Србија).

На денешниот прв работен ден во клубот се појавија и новаците Бурхан Мустафов, Бојан Мијовски и Ермедин Адем. Од друга страна пак засега и дефинитивно Ренова се раздели со Фернандо Силва, потоа Александар Ристевски, Миран Максути, Фатјон Јусуфи и Флатим Имери. Како што велат од таборот на Ренова ќе има уште нови имиња во нивните редови во текот на зимскиот преоден рок.

 

Најново во Фудбал