ПОРАДИ НАСТАНИТЕ НА ДЕРБИТО

ФФМ ќе покрене постапка против Шкендија

Против тетовци ќе биде покрената постапка поради фрлање на тврди предмети на теренот

објавено: 13 август 2018 - 11:06

Фудбалската Федерација на Македонија, односно надлежните комисии си имаат работа уште од првото коло. Имено најавено е дека же биде покрената постапка протов ФК Шкендија и истиот клуб ќе биде предаден на Дисциплинска комисија поради фрлање тврди предмети на терен. Ова стои во образложението на Фудбалската Федерација на Македонија.

Инаку не е тајна дека по завршување на дербито од страна на публиката, која беше незадоволна од судењето на Александар Ставрев, беа фрлени неколку тврди предмети.

Најново во Фудбал